Дома

За
фестивалот

Меѓународниот филмски фестивал „КинеНова Филм Фест Скопје“ е осмислен и создаден за да даде фокус на творештвото на филмските автори од целиот свет, кои се на самиот почеток од своите филмски кариери.Неговата цел е да открие нови авторски имиња кои надоаѓаат во светот на филмот и да им даде јасна поддршка и поттик, но и простор каде тие ќе ги претставуваат и афирмираат нивните филмски дебитантски дела, особено на оние кои преку ангажиран однос кон темите и авторскиот пристап ќе можат да понудат и една нова, понапредна визија за светот во кој живееме.

Авторите на избраните филмови за официјалната програма ќе бидат поканети да бидат дел од фестивалот како би ја претставиле идејата за своите филмови, филмските приказни и причината за личната ангажираност во истите, и со тоа фестивалот и градот Скопје ќе бидат простор каде новите филмски автори ќе се среќаваат и од каде ќе ја трасираат својата филмска патека.Покрај главната програмска оска на фестивалот, ќе има многу дополнителни програми и содржини кои ќе го збогатат фестивалскиот живот и ќе овозможат на филмските создавачи да го надградат своето филмско знаење и искуство преку учество на панел дискусии, трибини, мастеркласи, работилници.

Правила

ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА ЗА НАГРАДИ составена од филмови од цел свет кои се прв и втор долгометражен филм на режисерот. Оваа програма има за цел да открие, промовира и афирмира нови филмски приказни на нови автори кои се сеуште анонимни, давајќи им шанса на почетокот од нивните филмски кариери.

Филмовите кои ги исполнуваат следниве услови имаат право да учествуваат во главната програма на фестивалот: -Да е прв или втор филм на режисерот; -Да не се поминати 24 месеци од денот на излегување на филмот од продукција до почетокот на Фестивалот; -Должината на филмот да изнесува над 70 минути; -Филмот не смее да има ТВ или интернет прикажување до денот на завршувањето на фестивалот;



Наши спонзори