Дома

СЕЛЕКЦИОНЕН КОМИТЕТ

Петар Волнаровски

Роден e во Битола, Р. Македонија, 1968 година.
Работи како филмолог во Кинотеката на Македонија.
Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за Општа и компаративна литература, Магистрант на истата Катедра, со тема од теоријата на филмот, со теза која што ги проучува врските, паралелите, односите и заемните влијанија помеѓу литературата, филмот и електронските медиуми.
Објавува проза, есеи, филмска и книжевна теорија.
Еден е од учесниците-основачи на Меѓународната Асоцијација на филмски автори и филмски работници за Југоисточна Европа – SEECN (Southeastern European Cinema Network)

Димитрис Захос

Роден е во Солун во 1978г. Студирал Применета информатика и студии за филмска уметност на Универзитетот Аристотел во Солун, на одсекот за ликовни уметности. Работел како режисер во повеќе филмски и театарски продукции. Неговите кусометражни филмови се прикажувани на повеќе значајни меѓународни филмски фестивали.

Саша Станишиќ

Саша Станишиќ e роден во 1979 година. Завршил филмска и тв режија на ФДУ Скопје и Општа и компаративна книжевност. Режисер е кратките играни филмови: Митот за Сара, Мангава диско Панк (дел од омибусот Скопје Ремиксд), Долу од Рајот. Работи и живее во Скопје.

Ева Камчевска

Ева Камчевска е родена 27 Декември 1983, во Скопје. Дипломира на катедрата за драматургија и сценарио на Фаултетот за Драмски Уметности во Скопје. По дипломирањето работи во ТВ станиците во Скопје како сценарист и промотор на програма. До сега три од нејзините сценарија за кратки филмови се реализирани. Во 2015, се запишува на одделот за Филмско и ТВ сценарио во Ванкувер, Канада. По враќањето во Македонија, продолжува да пишува за филм и ТВ.

Елеонора Венинова

Елеонора Венинова е сценаристка/режисерка на неколку наградувани кратки филмови („Борба за смрт“, „Влакна“ и „Прасето што сакаше да лета“), документарни филмови, а работи и на македонски ТВ серии.
Елеонора Венинова е сценаристка/режисерка која има магистратура за пишување сценарија од Државниот универзитет во Калифорнија, Нортриџ . Taa е авторка на неколку наградувани кратки филмови („Борба за смррт“, „Влакна“ и „Прасето што сакаше да лета“), повеќе документарни филмови, а работи и на македонски ТВ серии. Нејзините филмови имаат учествувано на над 40 фестивали низ целиот свет. По студиите во Лос Анџелес, Елеонора се пресели во Адис Абеба, Етиопија каде што работеше како сценарист/главен уредник во локална продукциска компанија. Во моментов живее во Скопје.

Љубо Јончев

Љубо Јончев е роден 1983 година во Плевен, Бугарија. Има завршено филмска режија на Нов Бугарски Универзитет. Негов професионален деби е краткиот игран филм „Ѕвездата која паѓа“, кој беше номиниран за 29 – то издание на Европските филмски награди во 2016 година, а исто така селектиран и награден на многубројни меѓународни филмски фестивали. Во 2010 – та година Љубо станува член на Унијата на бугарските филмски работници ( Филмска академија на Бугарија ). Од 2016 година тој е член на Европската филмска академија.

Катерина Момева

Родена е 1984 година во Битола.
Дипломира Драматургија на Факултетот за Драмски уметности во Скопје во 2008г. Магистрира на истиот факултет на Постдипломските студии на отсекот Филмско и тв сценарио. Има напишано неколку сценарија за кратки филмови кои се прикажани на значајни светски филмски фестивали, а има издадено и збирка драми. Од 2009 работи како помлад асистент во класата на Професор Д-р Сашко Насев, за предметот Филмско и Тв сценарио, на Факултетот за Драмски уметности во Скопје.