Дома

Приказната позади името

Зошто Киненова?

Признаваме дека ова име отпрвин ни се измолкнуваше, како неопределена слика на периферијата на видот – или барем на нашиот видик. Ни беше потребен збор, слика која би го изразила сето тоа што се обидуваме да го направиме. Идејата беше едноставна: да се направи филмски фестивал кој би се сосредоточил, и би им оддал почит на НОВИТЕ: новите творци на филм, новите пишувачи, нови сонувачи кои се осмелиле да ги остварат своите слики кои што некогаш само ги замислувале. Станува збор за новите почетоци. Но како да се изрази тоа? Едноставноста позади идејата за Киненова беше смирувачка. Творците на филм чии дела сакавме да ги покажеме би биле почетници во правењето филм; ние исто така бевме почетници во создавањето на фестивалот. И сите ние бевме блажено несвесни за сите тешкотии кои требаше да се надминат за нашите идеи да се претворат во стватрност.

ТироФест?

Хм... Веројатно не.

Филмски фестивал за нови почетоци, тогаш?

Не баш.

И тогаш сликата на периферијата на видот се помести малку поблиску до фокусот.

Чекај малку. Нов ... почетник … нова. НОВА. Понекогаш се користи со стела или ѕвезда; често се користи за да се опише нова ѕвезда. Ни се допаѓаше ова заедно со сите значења. Од латинското nova.

НоваФест тогаш?

Прекрасно!

Само што луѓето од Северна Вирџинија преку Атлантскиот Океан биле очигледно понови од нас и го земале тоа име пред некое време.

Не, требаше да биде нешто друго...

Сликата од периферијата на видот се движеше пребрзо за да спознаеме што е – но знаевме дека е таму.

Чекај малку. Ова е филмски фестивал, така?

Кино, добро?

Кино ... од францускиот збор за ‘филмски театар’, скратено од францускиот збор Cinématographe.

Бог да ги благослови тие неповторливи пионери браќата Лумиер!

Сликата се изоструваше..

Браќата со нивната латинизирана форма на грчкото kinema (движење); од kinein (грчко кино) движи + graphein (grafo) пишува. Кине – ...

Сликата конечно се изостри.

КИНЕ ...

КИНЕ + НОВА

КинеНова или тоа што е НОВО во уметноста на подвижни слики.

Инспирација за логото

Како сето тоа бидна!

Со оглед на тоа што КинеНова претставува своевиднo славење на новите филмски автори и оние кои ги прават првите чекори во светот на кинематографијата, природно се наметна потребата основата на дизајнот на логото да ја поврземе со првата позната т.н. филмска фотографија во движење или филмска снимка „Коњ во движење“ (1878) од Едвард Мејбриџ, која се смета за прапочеток на филмската уметност.

Веруваме дека новиот и свеж дизајн на нашето лого е совршен симбол на нашиот концепт и целта кон која стремиме.