Дома

КинеНова Меѓународен Филмски Фестивал

КинеНова работилница за развој на сценарио за краток филм за промоција на новите македонски автори

За да се одбележи почетокот на „КинеНова“ како и за да биде во духот и да се запази целта на овој фестивал, ние како организаторите ја создадовме Работилницата за Сценарио за Краток Филм. Оваа иницијатива има за цел да ја промовира и охрабри следната генерација македонски сценаристи и филмски работници, посебно оние кои се релативно нови во процесот на пишување сценарио.

Селектираните апликанти ќе имаат можност да учествуваат на 3 - дневна работилница за развој на кратко сценарио. Работилницата ќе ги опфати основите на пишување сценарио и развој на приказна. Сесиите ќе се состојат од презентации, групна работа и еден-на-еден состаноци.

На крајот на работилницата, филмската продукциска компанија FX3X ќе додели награда за најдобро сценарио во вредност од 3,000 евра. Наградата се состои во користење на високо – професионална филмска опрема со цел краткото сценарио да се реализира во краток филм.


  • Работилницата е посветена на македонски автори кои би сакале да изградат кариера како сценаристи за филм или ТВ
  • Ќе бидат селектирани 6 проекти. Крајниот рок на пријавување е 28 август
  • Резултатите ќе бидат објавени онлајн на 5 септември
  • Од избраните кандидати се очекува да го потврдат своето присуство на работилницата до 10 септември
  • Работилницата ќе се изведува на англиски јазик

ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

  • писмо на намери (a letter of intent ) кое ја образложува мотивацијата на испратеното сценарио како и претходното искуство како сценарист и очекувања од работилницата.
  • премисата на сценариото во една реченица како и жанрот / вите на сценариото со синопсис не подолг од една страна
  • тритмент (кратко објаснување што се случува во секоја сцена)
  • копија од сценариото (не повеќе од 25 страници, уредно форматирано) кое може да биде и сценарио за анимиран филм
  • кратко CV на предложениот режисер и/или продуцент (забелешка: задолжително да се приложи со пријавата на апликантот. )

КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР:

  • мотивацијата на апликантот да учествува на работилницата
  • претходно искуство како сценарист
  • квалитет на примерокот испратен од апликантот

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

  • од учесниците се очекува да присуствуваат на сите сесии и да работат на своите проекти за време на работилницата
  • потребно е учесниците да ги прочитаат сценаријата на сите одбрани апликанти и да бидат подготвени за дискусија во групните сесии.

Потребните материјали да се испратат во WORD или PDF документ на е – мејл: ranells28@hotmail.com со краен рок до 28 Август.

Ве молиме прикачете го сценариото во посебен документ.