Дома

ЖИРИ

Жири за Главна натпреварувачка програма

Хулија Укансу е родена во 1950 година. Дипломирала на Истанбулскиот универзитет, факултет за Литература , Англиска филологија (1973-1977). На почетокот од кариерата работи во едно кино на турската Кинотека во 1975 година. Таа е еден од основачите на Меѓународниот филмски фестивал во Истанбул, а го водеше фестивалот во периодот од 1983 до 2006 година. Била дел од меѓународни жирија на многу светски фестивали како Венеција, Сан Себастијан, Ротердам, Чикаго, Ваљадолид, Торино. По напуштањето на функцијата Директор на истанбулскиот фестивал, држи предавања на Кадир Хас универзитет по филмска теорија (2006-2015). Има издадено повеќе книги: Спомени на тркач на долги фестивалски патеки (2012); Април, најубавиот месец (2014); Писма до Онат Кутлар (2016).

Роден е во Ќуприја, Србија, Југославија, на декември 1948.По Марибор, Осиек, Сараево, Задар, Книн и Загреб, тој се населува во Пула, Истра во 1965 година, каде што завршува средно училиште во 1967 година. Во 1968 година тој ја доби својата прва и една од водечките улоги во филмот "Јас имам Две Мајки и Двајца Татковци" на Кресо Голик, еден од најпопуларните југословенски филмови во тоа време и оттогаш е професионален актер. Реализирал повеќе од 60 филмски и ТВ улоги, од кои 19 водечки. во 1985 го основал здружението на филмски работници "Хистриа филм". Истата година го режирал краткиот игран филм "Вентилатор" каде актерот Слободан Алигрудиќ за последен пат се појавува на филм. На деветнаесет години ја играше водечката улога во еден од првите хрватски филмови во новата држава "Златните години" на Давор Жмегач. Игор Гало е автор на неколку документарци и филмови со одредена цел во областа на Истра. Тој е основач и организатор на Меѓународниот филмски викенд во Ортраљ (Портола), Истра (1996 - 2000), ориентиран кон современото филмско производство во Италија, Словенија и Хрватска. Некои важни филмови во кои тој играл важни улоги се и "Крстот на железо" на Сем Пекинпо, „Мост“ и „Валтер го брани СараевоА“ од Хајрудин Шиба Крвавац и во многу меѓународни продукции и ко-продукции во Австрија, Италија и Германија. Во овој момент тој го подготвува својот прв игран филм "Точка од која нема враќање" во ко-продиција со Србија и Босна и Херцеговина.

Синоличка Меллес Трпкова (1965) е позната македонска актерка. Има завршено Факултет за Драмски уметности, на одделот за драмски актери. Како актер има остварено повеќе значајни улоги во театарот и на филмското платно (Среќна Нова 1949, Дом за бесење, Тетовирање, Џипси Меџик, Смртта на ученикот, Липстик и др). Од 1991 до денес работи на Факултетот за Драмски уметности во Скопје, отпрвин на одделот за Актерска игра како асистент, а потем на катедрата за Актерска игра пред камера како доцент. Од 2002 – 2006 престојува во Холандија и работи на проект за истражување на културното наследство од Југоисточна Европа во Холандија - ИИСГ во Амстердам (Интернационален Институт за Социјална Историја). Меѓу останатото автор е и на книгата “Актерска игра пред камера”, издадена 2016, во рамките на Факултетот за Драмски уметности, каде и денес работи како редовен професор.

Роден е во 1946 година во Белград. 1965. до 1970. студира филмска режија во Прага, Чехословачка. По дипломирањето од 1970. до 1976. прави документарци за телевизија. Од 1976 година, ги снима филмовите: "Специјално воспитување", "Национална класа", "Мајстори, мајстори", "Вариола Вера", "Тајванска канаста", "Дежа ву", "Собирен центар", "Тито и јас", "Урнебесна трагедија" "Србија, нулта година ", "Кордон", "Турнеја", "Фалсификатор", "Слепи патник на бродот на лудаците" и "Говорна маана". Покрај тоа, тој ги снима и среднометражните документарни филмови "Полудени луѓе", "Неважни Јунаци" и "Константин Коча Поповиќ". Во театарот ги режирал претставите, "Пазарен ден" на А. Поповиќ "Белградската трилогија"на Б. Србљановиќ, "Кора од портокал" на М. Пелевиќ, "Терапија" на Ј.Цветановски и "Златното теле" од Иљф и Петров. Тој ги има напишано театарските претстави "Турнеја", "Говорна маана", "Парови", "Вила Сачино", "Осмата седмица или Животот е сон", "Пандорината кутија", "Делириум тременс", "Фалсификатор", "Доктор Д. "Мали тајни" и "Мајстори, мајстори". Повеќето од нив ги режирал самиот. Тој ја објави книгата "Чешкото школо не постои", "Тито и јас", "Една година", "Осмата седмица и други драми", "Мали тајни", "Измислен живот" и "Три приказни за самоубијците." Почесен професор е на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Жири за кусометражни филмови

По проучувањето на литературата и комуникациите, Кетрин Хабиб најпрво работи за CRITIC WEEKS во период од две години, по што се префрла кај францускиот дистрибутер Премиум Филмс, кој ја основа ВОДМАНИЈА во 2006 година. Водманија е француска платформа за „видео на барање“ посветена исклучиво за кратки филмови , која работи со француски интернет провајдери. Таа е, исто така, филмска новинарка, има направено многу интервјуа кои беа емитувани на телевизија во текот на многу години. Како професионалец, таа редовно учествува на фестивалите во рамките на конференциите и во жиријата. Таа е возбудена што ќе има прилика да биде повеќе запознаена со балканската и македонската кинематографија, благодарение на Киненова!

Марија Џиџева е родена во Гевгелија 1970 година. Дипломирала Македонска книжевност( 1994), Филолошки факултет и Филмска и тв режија(2000) ФДУ во Скопје. Автор е на документарни и кратки играни филмови: “ Мис Амнезија” (2000), “Списокот на Тони Манџа” (2004) ,” Погледни го животот низ моите очи”(2008), “ Барајќи ја среќата” (2013),,.Дел е од играниот омнибус “Некои поинакви приказни”(2010))-сегмент “Македонска приказна”. Сега го работи својот дебитански игран филм “Жртва”.

Роден е во 1962 година. Ги изучувал општествените науки и филмска режија. Има напишано неколку сценарија за документарци и, исто така, режирал документани серии главно фокусирани на политички и социјални околности ширум целиот свет. Тој им предава документарен филм на Универзитетот во Атина на постдипломци (Факултет за културни студии), на филмската школа Ставракос(Атина), а последните три години, исто така, води своја годишна работилница за документарци која веќе има обликувано јадро на млади документаристи. Во моментов работи на релација Грција, Танзанија и Кина на неговиот нов игран филм, а во исто време и на сценариото на неговиот прв филм од жанрот фантастика. Негови најуспешни филмови се: "Куќата на Каин"( 2000 ) , филм кој има учества на неколку значајни фестивали, а има добиено и значајни меѓународни награди меѓу кои: Прва награда на Меѓународниот фестивал на документарниот филм во Нион "Visions du Reèl " Награда на публиката на Меѓународниот фестивал на документарниот филм во Минхен. ФИПРЕСЦИ награда на Меѓународниот филмски фестивал во Солун Најдобрата награда за грчки филм од страна на Сегрчката Унија на филмски критичари Филмот учествувал на "Форум" во рамките на Берлинале и на многу други фестивали низ целиот свет. "Суровина" Филмот има своја меѓународна премиера на МФФ во Карлови Вари, а прогласен е за најдобар документарен филм на Грчката филмска академија